Posts

Showing posts from October, 2020

Осма лекција програмирање Примери за програмски кодови во различни програмски јазици

      https://drive.google.com/open?id=1cXw3qwAw0r3XjVPMKY9VDwNP06554Bf7   https://drive.google.com/open?id=1ZekBBR5B9bcE-TvoaVrJiGGVa9zGdiZA   https://drive.google.com/open?id=1dlP_-ryXgBSjQ9iUs1snLWxejP9_-84b   https://drive.google.com/open?id=1sBtxiP0Ex6r_fZdiywIco2rhGTVb6XLD https://drive.google.com/open?id=1mzGUWHzYp5QpDl1iqfYLKXReF7yXBYfp

Осма лекција шесто Вежба

  Ве жба   1.    Што е податок? 2.    Што е информатика? 3.    Како се викал првиот   компјутер и кога е направен? . 4.    Кои се важни пронајдоци за развој на компјутерите? 5.      Што е хардвер, а што е софтвер? 6.    Кои се основни делови на компјутерот? 7.    Наброј три излезни уреди. 8.    Наброј три влезни уреди. 9.    За што служи внатрешната РАМ меморија? 10 .  За што служи процесорот? 11.                Која е мерка за меморија? 12.                За што служат апликативните програми? 13.                Што користиме   како   надворешна меморија, за трајно чување на податоци,   програми ,   слики , филмови и ...

Четврта лекција седмо Форматирање табела, автоматско пополнување со податоци

Image
  лекцијата од учебникот https://drive.google.com/file/d/1ZyqgKT8ynfLKoDTmJgy_mkKayZlwo7iS/view?usp=sharing видео   https://drive.google.com/file/d/1p5apBd74h7-oxWUT3tLXH2U9oBpmBywS/view?usp=sharing Форматирање табела, автоматско пополнување со податоци    Форматирањето на податоците, всушност претставува додавање на ефекти кои го разубавуваат изгледот на табелата, а со тоа овозможуваат поголема прегледност на податоците во истата.     Копирање, отсекување, вметнување и алатака за форматирање. Стиловите: задебелен, накосен и подвлечен.  фонт и големина на фонт.  рабови.  боја на ќелиите,  боја на фонтот. Ориентација на податоците. Спојување на ќелии и подредување на центар.   Home     -    Format Cells    Постапката за автоматско пополнување на ќелии е следната: сеќавате што е компјутерска обработка на податоците? -со глувчето доаѓаме до десниот долен агол на ќелијата во која се наоѓа податокот; -добив...

Седма лекција програмирање Интегрирана околина за програмирање

Image
   Интегрирана околина за програмирање    За да ги пишува и развива своите програми програмерот користи група на елементи кои  сочинуваат  околина за програмирање (едитор, компајлер, библиотека на готови програми и дебагер-за барање грешки) . Програмски едитор е специјално дизајниран текстуален уредувач каде се пишува програмата.  Библиотека на готови програми претставува збирка од веќе напишани мали често користени програми во програмската околина.  пр. Basic C++ Scratch

Седма лекција шесто ФОЛДЕРИ (папки) И ФАЈЛОВИ (датотеки)

Image
                ФОЛДЕРИ (папки) И ФАЈЛОВИ (датотеки)   Фолдери се електронски папки во кои се групираат и подредуваат фајлови и други фолдери. Фајлови се група на податоци меморирани заедно во целина.  Креирање на нов фолдер  - десен клик - New - Folder , пишуваме име на фолдерот    Отворање на фолдер или активирање на фајл се врши со двоен клик на глувчето Копирање на  фајл или Фолдер од еден фолдер во друг  со стрелката од глувчето десен клин на фајлот клик на Copy стртелката на  фолдерот кај што го копираме фајлот (го отвораме со двоклик) десен клик - Paste  

Трета лекција седмо Уредување табела

Image
    лекцијата од учебникот https://drive.google.com/file/d/1AsakOLQ9yTgAaXmwVCFV1Lly8abua838/view?usp=sharing              видео https://drive.google.com/file/d/13SNW8bQ1adxqnm9d2jXYXYokq2mwoThZ/view?usp=sharing                       Уредување табела  Менување и уредување на внесените податоци - кликни на податокот , смени го и Enter Бришење со Delete од тастатура    Вметнување нова колона -десен клик на буквата од колоната, Insert   Вметнување нова редица -десен клик на бројот од редицата, Insert   Бришење на редица или колона  е истп како за вметнување, но наместо Insert одбираме команда Delete Менување на димензиите на колоните и редовите - со влечење со глувчето на цртата меѓу буквите на колоните или бројките на редиците  

Шеста лекција програмирање ПРОЦЕС НА ИЗРАБОТКА НА ЕДНА ПРОГРАМА (ОД ИЗВОРНА ДО ИЗВРШНА ВЕРЗИЈА)

    ПРОЦЕС НА ИЗРАБОТКА НА ЕДНА ПРОГРАМА (ОД ИЗВОРНА ДО ИЗВРШНА ВЕРЗИЈА)   Фази во процесот на изработка на комп јутерска програма: 1. Aнализа на проблемската ситуација и разгле дување можни решенија. 2. Aлгоритамско претставување на чекорите за можното решение на проблемската ситуација (графички или текстулно). 3. Kодирањ е на алгоритамот. Запишување на алгоритамот во програмски јазик -програмски код кој се вика изворна програма . 4. Преведување на изворната програма во извршна програма Таа мора да се преведе во машински јазик (во кој инструкциите се запишуваат со 1 и 0) за да биде разбрана и извршена од процесорот. Изворната програма преведена на машински јазик се вика извршна програма . Програми преведувачи  компајлери (најчесто) и интерпретери 5. Корекција на грешки (синтаксни, логички) Пр. за грешки L=2*(а-b   Синтаксна грешка – недостасува заграда на крајот од изразот. a=5 b=”Maja” c= b-a Логичка грешка – b е текст и не може да биде намаленик. 6. ...

Петта лекција програмирање Програмирање и програмски јазици

Image
             Програмирање и програмски јазици  Јазикот е средство кое овозможува комуни каци ја помеѓу луѓето.   Пример за вештачки јазик: јазици за бележење на математички, физички или хемиски фомули, јазикот есперанто итн. За да работат компјутерите потребни се програ ми. Програмите се напишани на јазици кои се специ јално дизајнирани, со ограничено множество на инструкции.  Програмски јазик е вештачки јазик и се користи за пишување програми, односно софтверот на компјутерот.   Компјутерско програмирање се дефинира како процес на создавање на компјутерска програма со користење на програмски јазик. Пример:Fortran, Basic, Pascal, C (C++), Visual Basic, Java. -програмери          

Шеста лекција шесто Оперативен систем , Апликативен софтвер

Image
    за во тетратка                       Оперативен систем  , Апликативен софтвер    Програмите со кои се работи на компјутер се викаат компјутерски софтвер. Компјутерска програма   е збир на инструкции според кој компјутерот работи на одредена задача.  -програмери -програмски јазици  Системските програми овозможуваат работа на човекот со компјутерот  Кориснички ( апликативни ) програми   се програмите со кои работат корисниците на компјутерите.  За уредување текст, цртање, учење, правење презентации, сурфање на Интернет, играње, слушање музика,  Оперативниот систем (ОС) е збир на програми кои му овозможуваат на корисникот оперирање (работа) со компјутерот (програмите, уредите и меморијата). Windows (95, 98, 2000, XP,  7,8,10)  ;  MAC OS;   Linux, Android Карактеристики : може да има повеќе корисни...

Петта лекција шесто Процесор, меморија

Image
                    Процесор, меморија  Вообичаено во куќиштето се наоѓаат следните електронски уреди: • матична плоча,  • процесор,  • RAM меморија,   • тврд (хард) диск,   електронски картици  за приклучување на  периферни уреди,    • уред за работа со  CD или DVD,    • извор за напојување со  електрична енергија.     Матичната плоча е главниот дел во куќиштето на кој се поставени сите важни електронски делови на компјутерот.   Процесорот е уред кој ги обработува податоците и ги извршува програмите во компјутерот. RAM е работна меморија во која се сместуваат оние програми и податоци со кои во моментот се работи на компјутерот.    Тврдиот диск (хард диск) е мемориски уред поставен во куќиштето за трајно чување на програмите и податоците со кои се работи на компјутерот. Мерка за меморија е 1 ...

Втора Лекција седмо Работа со податоци во табелата

      линк од  лекцијата одо учебникот  https://drive.google.com/file/d/1P_n-AlU8eNo0mZrNHlmHvN8lRwOyJPo4/view?usp=sharing линк за видео  https://drive.google.com/file/d/1xFmjTJxk97wPyU4SK7zDrsDoSbrPUTsO/view?usp=sharing   овој текст е за во тетратка Работа со податоци во табелата За да креираме табела во програмата за табеларни пресметки, најпрво треба да внесеме податоци  Податоците кои ги внесуваме во активната ќелија се појавуваат и во Formula Bar, односно лентата за формули. Адресата на ќелијата се појавува во Name Box (А1, B3....) Податоците кои ги внесуваме во табелата можат да бидат алфабетски (букви), нумерички(бројки) и алфа-нумерички (букви и бројки) Изборот на формат на податоците (број,текст, датум, време,проценти,дропки) го изведуваме на следниот начин: 1.ги селектираме податоците чиј формат сакаме да го измениме; 2.десен клик врз селектираните ќелии и ја избираме опцијата Format Cells..

Четврта лекција програмирање Поим за програми

Image
    напишетe си  во тетратка                   ПОИМ ЗА ПРОГРАМА КАКО ДЕЛ ОД СОФТВЕРОТ Компјутерите не работат ништо без некој да им каже што да прават. За компјутерот да направи нешто, мора да му се дадат инструкции – чекор по чекор.  Програма претставува множество (низа, листа) од инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер.  Системските програми управуваат со работата на компјутерот . Апликативните програми се наменетии за извршување на конкретна обработка на подаците со компјутер кои уште се нарекуваат апликации.  Алгоритмите се поопшти и поапстрактни од програмите.  Еден алгоритам може да биде решен од човек или машина, или од двете.  Програмата мора да биде извршена од компјутер.  Врската помеѓу програма, алгоритам и податоци е дадена во формулата Програма = Алгоритам + Податоци  Примери за апликативни програми и за што се користат  

Четврта лекција шесто Компјутерски систем, хардвер , влезни и излезни уреди

Image
                          напишете си го текстот во тетратка              Компјутерски систем, хардвер , влезни и излезни уреди   Компјутерски систем е целина од хардвер и софтвер. Хардвер (Hardware) се машинските делови на компјутерот. Софтвер (Software) се програмите со кои се работи на компјутерот Типичниот персонален компјутер се состои од следните хардверски делови: 1. куќиште Куќиштето е кутија во која се сместени главните делови на компјутерот 2. монитор  3. тастатура 4. глувче  5. звучници  6. печатар    Влезни надворешни уреди се уредите од компјутерот преку кои се внесуваат податоците и инструкциите во компјутерот : тастатура, глувче, скенер, микрофон, екрани осетливи на допир, видео камера Уредите преку кои добиените информации по обработката од компјутерот се прикажуваат...

Трета лекција шесто Историски развој на компјутерите

Image
  Во тетратката ќе  ги на пишете насловот и речениците со црвени буквибукви                            Историски развој на компјутерите   Првата рачна сметалка била направена од Кинезите 3000 год. п.н.е. Се користела за пресметувања со големи броеви и се викала Абакус .  Првиот механички уред за пресметување извршувал собирање на големи броеви. Се викал Паскалина по неговиот изумител Блејз Паскал.  Првиот електронски компјутер Со развојот на електрониката човекот ги конструирал првите електронски уреди за обработка на податоци. Првиот електронски компјутер се викал ENIAC 1 (Ениак 1) и бил направен во 1946 год. во Америка за потребите на војската во II Светска војна . Главен електронски дел при неговата конструкција биле електронските ламби. Во 1947/48 бил направен електронскиот уред под името транзистор.  Во 1958/59 год. е нап...

Трета лекција програмирање

Image
                      Примери за графички алгоритми  

Прва лекција седмо Табеларни пресметки , работен документ, работна книга , лист

  Кликни на линкот за да го видиш или превземиш учебникот  Информатика за седмо https://drive.google.com/file/d/100tKArwQ890K-AqWSC9epAOeRYRCg_DF/view?usp=sharing   лекцијата од учебник  кликни на линкот  https://drive.google.com/file/d/1lV4DQZnX0s3pe7zm-AudNPE87KoPVvxJ/view?usp=sharing видео   https://drive.google.com/file/d/1aNArpZtwafyRpQSROU9OzlcDy6NZBxAy/view?usp=sharin g   план за во тетратка Табела е начин на организирање на податоци во редици и колони. MS Excel e програма за  претставување на податоците на табеларен начин, уредување табели, вршење табеларни пресметки и графички приказ на податоците, креирање на прегледни и професионални извештаи и сл. Документите кои се креираат во програмата MS Excel 2016 се викаат работни тетратки (Workbook) и добиваат наставка на .xlsx.   Секоја работна тетратка се состои од работни листови (Worksheet).  Секој работен лист се состои од табели.  Вертикалните делови на табелата с...

Втора лекција шесто Основни поими

Image
  Речиси во секоја професија и на секое работно место луѓето прибираат и обра- ботуваат најразлични податоци за да добијат одредени информации. На пример, во банките се работи со податоци за штедачите (лични податоци, вложени и подигнати пари и слично), во продавниците се работи со податоци за производите (име, шифра, количина, цена), во училиштата се работи со податоци за учениците (име и презиме, дата на раѓање, успех) итн. Множеството од сите податоци со кои се работи во некоја програма на компјутерот се вика база на податоци. Работата со податоците и нивното чување е многу важна и одговорна работа.

прва и втора лекција Програмирање Алгоритми и графичко претставување

Image
 Алгоритми и нивно претставување  Дискусија: Што е заедничко на: вртењето телефонски број, рецептот за правење торта, варењето чај, купувањето леб? Тие се или вклучуваат листа од инструкции. Всушност сѐ што правиме може да се запише постапно во вид на чекори/инструкции.  Активност 1 Телефонирање Чекор 1: Дигни ја слушалката. Чекор 2: Сврти го бројот. Чекор 3: Почекај да се јави лич нос та. Чекор 4: Зборувај со личноста. Чекор 5: Спушти ја слушалката.  Активност 2 Рецепт за чоколадна торта Состојки: 400 г. чоколада, 3 јајца, 1 маргарин, 1 пакетче ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 1 чаша брашно. Чекор 1: Стопи ги чоколадата и маргаринот. Чекор 2: Истури го шеќерот во стопената чоколада и измешај. Чекор 3: Истури ги јајцата и ванилата и измешај. Чекор 4: Истури го брашното и измешај. Чекор 5: Добиената смеса истури ја во тавче. Чекор 6: Печи на 250 степени околу 40 минути. Чекор 7: Се остава да се излади и се јаде. Ова  се алгоритми - постапки за решавање на проблем ...

Прва лекција шесто Различни уреди и ергономија

Image
  ЕРГОНОМИЈА Ергономија е наука за дизајнирање опрема и уреди за работа, кои ќе бидат безбедни, удобни и здрави за човекот. Уредите од компјутерот кои се направени да го чуваат здравјето на корисникот на компјутерот и да му обезбедат попријатна работа се викаат ергономски уреди. Неправилната положба при работа на компјутер може да предизвика болки во грбот, рамениците, вратот, зглобовите, главоболки, замор во очите. При работа на компјутер треба да се прават чести кратки паузи, да се одмараат очите со гледање во далечина и слично. КАКО ПРАВИЛНО СЕ СЕДИ ПРЕД КОМПЈУТЕР Висината на столот треба да овозможи свиткување на нозете во колената под прав агол (1). Горниот дел од мониторот треба да биде во висина на очите или нешто пониско а на растојание колку отприлика должината на испружена рака (2). Грбот треба да биде исправен и потпрен на наслонот од столот (3). Рацете треба да бидат свиткани во лактот под прав агол (4). Тастатурата треба да се наоѓа под дланките кога рацете се свиткани...