прва и втора лекција Програмирање Алгоритми и графичко претставување

 Алгоритми и нивно претставување

 Дискусија: Што е заедничко на: вртењето телефонски број, рецептот за правење торта, варењето чај, купувањето леб? Тие се или вклучуваат листа од инструкции.
Всушност сѐ што правиме може да се запише постапно во вид на чекори/инструкции.

 Активност 1
Телефонирање
Чекор 1: Дигни ја слушалката.
Чекор 2: Сврти го бројот.
Чекор 3: Почекај да се јави лич нос та.
Чекор 4: Зборувај со личноста.
Чекор 5: Спушти ја слушалката.

 Активност 2
Рецепт за чоколадна торта
Состојки: 400 г. чоколада, 3 јајца, 1 маргарин, 1
пакетче ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 1 чаша
брашно.
Чекор 1: Стопи ги чоколадата и маргаринот.
Чекор 2: Истури го шеќерот во стопената
чоколада и измешај.

Чекор 3: Истури ги јајцата и ванилата и измешај.
Чекор 4: Истури го брашното и измешај.
Чекор 5: Добиената смеса истури ја во тавче.
Чекор 6: Печи на 250 степени околу 40 минути.
Чекор 7: Се остава да се излади и се јаде.

Ова  се алгоритми - постапки за решавање на проблем
 

Алгоритам претставува множество упатства за
извршување операции со точно зададен редослед со
цел решавање на даден проблем

Алгоритам за цртање чаша за чај
1. Повлечи права линија.
2. На средината нацртај мал круг.
3. Нацртај друга права линија паралелна
со првата.
4. Нацртај права линија која ќе ги
поврзува долните врвови на двете прет -
ход но нацртани прави линии.
5. Нацртај елипса која ќе ги допира горните
врвови на двете паралелни линии.

Алгоритмите треба да се недвомислени, јасни,
прецизни - секоја операција треба да е јасно оп ре де -
лена, треба прецизно да е утврден редоследот на
извршувањето на операциите и треба да е раз бир -
лив за секого, независно кој го напишал. За даден проб -
лем може да се напишат различни алгоритми


 

 

Comments