Skip to main content
Петта лекција шесто Процесор, меморија
Процесор, меморија
Вообичаено во куќиштето се наоѓаат следните електронски уреди:
• матична плоча, • процесор, • RAM меморија, • тврд (хард) диск, електронски картици за приклучување на периферни уреди, • уред за работа со CD или DVD, • извор за напојување со електрична енергија.
Матичната плоча е главниот дел во куќиштето на кој се поставени
сите важни електронски делови на компјутерот.
Процесорот е уред кој ги обработува податоците и ги извршува програмите во компјутерот.
RAM е работна меморија во која се сместуваат оние програми и податоци со кои во моментот се работи на компјутерот.
Тврдиот диск (хард диск)е мемориски уред поставен во куќиштето за трајно
чување на програмите и податоците со кои се работи на компјутерот.
Мерка за меморија е 1 Бајт 1B (еден знак од тастатурата)
1 KB Килобајт =1024 B
1 MB Мегабајт = 1024 KB
1 GB Гигабајт = 1024 MB
1 TB Терабајт = 1024 GB
уреди за меморија : CD , DVD, USB (flash) стик, мемориска картица
внатрешна меморија (во куќиштето) :хард диск (HDD), SSD
Comments
Post a Comment