Четврта лекција шесто Компјутерски систем, хардвер , влезни и излезни уреди
напишете си го текстот во тетратка
Компјутерски систем, хардвер , влезни и излезни уреди
Компјутерски систем е целина од хардвер и софтвер. Хардвер (Hardware) се машинските делови на компјутерот. Софтвер (Software) се програмите со кои се работи на компјутерот
Типичниот персонален компјутер се состои од следните хардверски делови:
1. куќиште Куќиштето е кутија во која се сместени главните делови на компјутерот
2. монитор
3. тастатура
4. глувче
5. звучници
6. печатар
Влезни надворешни уреди се уредите од компјутерот преку кои се внесуваат податоците и инструкциите во компјутерот : тастатура, глувче, скенер, микрофон, екрани осетливи на допир, видео камера
Уредите преку кои добиените информации по обработката од компјутерот се прикажуваат за корисникот се викаат излезни надворешни уреди. Вообичаени излезни уреди се: монитор, печатар(ласерски, игличен, инкџет), звучници и слично.
Comments
Post a Comment