Прва лекција седмо Табеларни пресметки , работен документ, работна книга , лист
Кликни на линкот за да го видиш или превземиш учебникот Информатика за седмо
https://drive.google.com/file/d/100tKArwQ890K-AqWSC9epAOeRYRCg_DF/view?usp=sharing
лекцијата од учебник кликни на линкот https://drive.google.com/file/d/1lV4DQZnX0s3pe7zm-AudNPE87KoPVvxJ/view?usp=sharing
видео https://drive.google.com/file/d/1aNArpZtwafyRpQSROU9OzlcDy6NZBxAy/view?usp=sharing
план за во тетратка
Табела е начин на организирање на податоци во редици и колони.
MS Excel e програма за претставување на податоците на табеларен начин, уредување табели, вршење табеларни пресметки и графички приказ на податоците, креирање на прегледни и
професионални извештаи и сл.
Документите кои се креираат во програмата MS Excel 2016 се викаат работни тетратки (Workbook) и добиваат наставка на .xlsx.
Секоја работна тетратка се состои од работни листови (Worksheet).
Секој работен лист се состои од табели.
Вертикалните делови на табелата се викаат колони и се означуваат со букви (A, B, C….), а хоризонталните делови се викаат редици и се означуваат со бројки (1,2,3…).
Ќелија е местото каде што се внесуваат податоците. Секоја ќелија има име кое е составено со
буквата на колоната и бројот на редот во која се наоѓа (нивниот пресек)
. На пример: A1, B5,D16 и сл. Секој работен лист се состои од стотици колони и илјадници редици.
Опис: Лента со менија (Menu Bar) ; .Лента со алатки ;.Адреса на активна ќелија (Name Box) ; лента за внесување формули и функции,Активна ќелија – е ќелијата во која корисникот внесува податоци.; Мени File – ги содржи основните наредби за работа со документот во
Excel.
Команди за фајлот во Excel
New нов фајл (работна книга, ексел документ)
Open Отвори снимен ексел фајл
Save зачувај Ексел фајл (работна книга)
Save as Зачувај како ... (со друго име)
Comments
Post a Comment