9 10 head par
Презентација на ознаката “Heading” (Заглавие). Постојат шест елементи за заглавие: h1, h2, h3, h4, h5 и h6. Секој елемент претставува различно ниво на содржина во документот: <h1> го претставува главниот наслов, <h2> гo претставува поднасловот, <h3> го претставува поднасловот на <h2> итн. Обично после секое заглавие, наслов или поднаслов следува текст, односно параграф <p>. Во Sublime Text се уредува фајлот index.html со вежби за заглавија и параграфи (<h1>, <h2>, <h3>, односно <p>) Пример за вежба: На Wikipedia.org на македонски јазик се пребарува одредена тема (пр. музика ). Се прави идентификација на заглавијата и насловите во содржината. Потоа со копирање (Copy -> Paste или Ctrl +C -> Ctrl + V) се пренесуваат во index.html и се означуваат со соодветните тагови. Под секој наслов или поднаслов се внесува и соодветен параграф (препорачливо е да се копира само првиот параграф доко...