9 10 head par

 

Презентација на ознаката “Heading” (Заглавие). Постојат шест елементи за заглавие: h1, h2, h3, h4, h5 и h6. Секој елемент претставува различно ниво на содржина во документот: <h1> го претставува главниот наслов, <h2> гo претставува поднасловот, <h3> го претставува поднасловот на <h2> итн. Обично после секое заглавие, наслов или поднаслов следува текст, односно параграф <p>.

 

Во Sublime Text се уредува фајлот index.html со вежби за заглавија и параграфи (<h1>, <h2>, <h3>, односно <p>)

 

Пример за вежба:

 

На Wikipedia.org на македонски јазик се пребарува одредена тема (пр. музика). Се прави идентификација на заглавијата и насловите во содржината. Потоа со копирање (Copy -> Paste или Ctrl +C -> Ctrl + V) се пренесуваат во index.html и се означуваат со соодветните тагови. Под секој наслов или поднаслов се внесува и соодветен параграф (препорачливо е да се копира само првиот параграф доколку ги има повеќе).

 

<!DOCTYPE html>

 

<html>

 

..... <head>

 

.......... <title>Mojata prva veb-stranica</title>

 

..... </head>

 

..... <body>

 

.......... <h1>Музика</p>

 

.......... <p>Текст од параграф...</p>

 

............... <h2>Историја на музиката</h2>

 

............... <p> Текст од параграф...</p>

 

.................... <h3> Античка музика </h3>

                      <p> Текст од параграф...</p>

..... </body>

 

</html>

Comments