HTML што претставува? ознака. параграф
HTML
всушност не е програмски јазик, вид на јазик наменет за
означување на градбените елементите и се состои од множество ознаки (tags) кои
служат за дефинирање на структурата и содржината на веб-страницата. Со други
зборови, со HTML се прави “скелетот” на веб-страницата или веб-апликацијата.
HTML (HyperText Markup Language)
HyperText – Хипертекст:
***Хипертекст е начин на организирање на текст кој му овозможува на
корисникот пристап до поврзани информации. Се овозможува движење низ содржината
на различни делови од истата веб-страница или пристап до содржината на друга
веб-страница на друга локација.***
Markup Language – Јазик за
означување
***Јазиците за
означување, се компјутерски јазици кои се користат за додавање структура
и форматирање
на текстуален документ. Тие користат систем на ознаки со цел да ја дефинираат
структурата и содржината на документот. Овие ознаки се толкуваат од некоја
програма или апликација за прикажување на документот на специфичен начин за таа
програма.***
Извор: https://www.programiz.com/html/what-is-html
- Со цел појаснување на синтаксата, се
презентира пример за правилно внесен HTML
- Sublime Text со опцијата Open -> Folder од менито File,
ја отвораат папката која беше креирана за чување на веб-страницата. Кликнуват
на датотеката index.html и ја уредуваат со следниот код:
<!DOCTYPE html>
<html>
..... <head>
.......... <title>Mojata prva
veb-stranica</title>
..... </head>
..... <body>
.......... <p>Mnogu sakam da
programiram!</p>
..... </body>
</html>
10
•
- Наставникот
ја нагласува важноста од уредно напишан код со вовлекување на редот (копче Tab
од тастатурата) од соодветните ознаки.
- Се
зачувува документот со File –> Save или Ctrl+S, се
прави преглед на документот во веб-прелистувачот и се дискутираат настанатите
промените во документот.
- Учениците
потоа додаваат параграфи во документот со содржина по нивна желба.
Презентација на ознаката “Heading” (Заглавие).
Постојат шест елементи за заглавие: h1, h2, h3, h4, h5 и h6. Секој елемент
претставува различно ниво на содржина во документот: <h1> го претставува
главниот наслов, <h2> гo претставува поднасловот, <h3> го
претставува поднасловот на <h2> итн. Обично после секое заглавие, наслов
или поднаслов следува текст, односно параграф <p>.
Во Sublime Text се уредува фајлот index.html
со вежби за заглавија и параграфи (<h1>, <h2>, <h3>, односно
<p>)
Comments
Post a Comment