Поим за алгоритам, поим за програма Примеер Рецепт за чоколадна торта Состојки: 400 г. чоколада, 3 јајца, 1 маргарин, 1 пакетче ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 1 чаша брашно. Чекор 1: Стопи ги чоколадата и маргаринот. Чекор 2: Истури го шеќерот во стопената чоколада и измешај. Чекор 3: Истури ги јајцата и ванилата и измешај. Чекор 4: Истури го брашното и измешај. Чекор 5: Добиената смеса истури ја во тавче. Чекор 6: Печи на 250 степени околу 40 минути. Чекор 7: Се остава да се излади и се јаде. Наставникот го запознава учениците со поимот алгоритам. Алгоритам претставува множество упатства за извршување операции со точно зададен редослед со цел решавање на даден проблем . Алгоритмите треба да се недвомислени, јасни, прецизни - секоја операција треба да е јасно опреде-лена, треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на операциите и треба да е разбирлив за секого, независно кој го напишал. За даден проблем може ...