Деветнаесет шесто Поим за алгоритам, поим за програма
Поим за алгоритам, поим за програма
Примеер
Рецепт за чоколадна торта
Состојки: 400 г. чоколада, 3 јајца, 1 маргарин, 1 пакетче ванилин шеќер, 2 чаши шеќер, 1 чаша брашно.
Чекор 1: Стопи ги чоколадата и маргаринот.
Чекор 2: Истури го шеќерот во стопената чоколада и
измешај.
Чекор 3: Истури ги јајцата и ванилата и измешај.
Чекор 4: Истури го брашното и измешај.
Чекор 5: Добиената смеса истури ја во тавче.
Чекор 6: Печи на 250 степени околу 40 минути. Чекор 7: Се остава да се излади и се јаде. Наставникот го запознава учениците со поимот
алгоритам.
Алгоритам претставува множество упатства за извршување операции со точно зададен редослед со цел решавање на даден проблем.
Алгоритмите треба да се недвомислени, јасни, прецизни - секоја операција треба да е јасно опреде-лена, треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на операциите и треба да е разбирлив за секого, независно кој го напишал. За даден проблем може да се напишат различни алгоритми и сите се правилни
Програма претставува множество (низа, листа) од
инструкции за решавање на одреден проблем со компјутер
Системските програми управуваат со работата на компјутерот.
Апликативните програми се за извршување на конкретна работа
со компјутер
Comments
Post a Comment