1920 етик

Етика  ВИ

Ограничувања на ВИ-системите
Разбирањето за ограничувањата на ВИ е исто толку важно колку и
разбирањето за нивните способности. ВИ-системите не поседуваат вистинско
разбирање, емоции или свест. Тие се одлични во препознавање обрасци и
автоматизирање задачи, но им недостасуваат контекстуално разбирање, етичко
расудување и креативност во вистинска смисла.
ВИ-системите, исто така, можат да создаваат информации што звучат веродостојно
но се целосно неточни. Ова се нарекува „халуцинирање“ и претставува голем ризик
кога ВИ-алатките се користат за добивање фактографски информации.
Практичен пример: Ако прашате ВИ за совет како да се справите со тешка лична
ситуација, запомнете дека ВИ-алатката не може да ги разбере сите детали на
вашата ситуација или да покаже вистинска емпатија. Таа може да даде корисни
предлози, но не може да го замени разговорот со доверлив пријател, наставник
или психолог.


Етичко користење на ВИ

Транспарентност и чесност
Еден од најважните принципи на етичко користење на ВИ-алатките е
транспарентноста. Ова значи да бидете чесни за тоа кога и како ги користите ВИалатките, особено во академски или професионален контекст.
Транспарентноста не значи дека користењето на ВИ-алатките е лошо или дека
треба да се срамите од тоа или да го прикриете користењето. Напротив, тоа
покажува зрелост и интегритет. Кога сте отворени за начинот на кој користите ВИ,
им овозможувате на другите подобро да го разберат и оценат вашиот придонес.
Практичен пример: Кога предавате проект каде што сте користеле ВИ-алатка за
помош, можете да напишете кратка забелешка: „Користев ChatGPT за да ми
помогне да ги организирам идеите за оваа презентација, но истражувањето,
анализата и заклучоците се мои.“103
Почитување на авторските права и интелектуалната сопственост
ВИ-системите се тренираат на содржини што ги создале други луѓе,
вклучувајќи и содржини што се заштитени со авторски права. Кога користите ВИалатки за креирање содржини, важно е да размислувате за правата на изворните
автори и да го почитувате нивниот труд.
Ова не значи дека не можете да користите ВИ-алатки, но значи дека треба да
бидете свесни за етичките импликации. Кога користите ВИ-алатки за креирање
нешто што е многу слично на постоечко дело, размислете дали е тоа фер кон
изворниот автор.
Практичен пример: Ако користите ВИ-алатка за креирање уметност во стилот на
познат уметник, важно е да го споменете тоа и да размислите за тоа дали вашето
дело може да се смета за оригинален придонес или едноставно за копија на стилот
на другиот уметник.


Заштита на приватноста
Кога работите со ВИ-алатки, особено онлајн, важно е да бидете свесни за
прашањата поврзани со приватноста. Многу ВИ-системи чуваат информации за
интеракциите што ги имате со нив, што може да се искористи за подобрување на
системите, но исто така може да влијае на вашата приватност.
Секогаш внимавајте што споделувате со ВИ-системите. Избегнувајте да внесувате
лични информации, како што се цело име и презиме, адреса, телефонски број или
детали за вашето семејство и пријателите.
Практичен пример: Кога користите ВИ за помош при пишување личен есеј, наместо
да напишете „Мојата мајка Марија работи во болницата Св. Наум Охридски“,
подобро е да напишете „Мојата мајка работи како медицинска сестра во локална
болница“. Ова го задржува контекстот, но ги заштитува личните детали.


Практичен совет:
Никогаш не споделувајте
• Целосно име, адреса, или телефонски број.
• Информации за вашето семејство и пријатели.
• Лозинки или безбедносни информации.
• Фотографии што можат да ве идентификуваат.
• Финансиски информации

Comments