1516 креативност

 



Што е креативност? Што значи некој да е креативен? Како може да се изрази креативноста?

Дали машините можат да бидат креативни?


https://youtu.be/B682RpmK0Xk.

Во продолжение на часот се одредува темата за истражувачката задача:

„Моја креативна идеја со ВИ“

Учениците  се запознаваат со постапките за истражување (Упатство за истражување дадено како

работен лист):

Изберете област каде ВИ може креативно да се користи

(пример: музика, сликарство, филм, анимација, мода, игри, дизајн, архитектура, поезија, итн.)

Истражете:Како веќе се користи ВИ во таа област?

 Кои алатки постојат (нпр. DALL·E, Soundraw, Runway, Canva AI итн.)?

 Кои се предностите и предизвиците?Одговорете на следниве прашања:

 Кој е вашиот пример на креативна примена на ВИ?

 Каква идеја би реализирале вие со помош на ВИ?

 Како ќе направите алгоритам за вашата ВИ?Што би била корисноста од оваа идеја?Подгответе финален продукт:

 -Кратка PowerPoint презентација (5 слајда),или

 -Canva инфографик / постер со идејата

 Како дел од упатствата се посочуваат проверени веб-страни за истражување и креирање на финалниот продукт.Заедно со учениците се одредуваат критериумите за оценување.

 Учениците во група дискутираат за пронајдените информации, ги селектираат и прават избор на оние што ќе ги искористат. Ги проверуваат точноста и релевантноста на податоците, по потреба ги адаптираат на сопствената замисла.








Comments