9 10

 Примена на ВИ во секојдневниот живот
Здравство
Вештачката интелигенција направи револуција во здравството и грижата за пациентите на повеќе начини:
o
дијагностика ─ ВИ-системите можат да анализираат медицински снимки и да идентификуваат болести некогаш попрецизно од самите лекари,
o
синтеза на нови лекови ─ ВИ го забрзува процесот на развој на нови лекови, анализирајќи огромни бази на податоци за да идентификува потенцијални соединенија,
o
персонализирана медицина – ВИ-системите можат да анализираат генетски информации за да предвидат ризик од болести и да препорачаат персонализирани третмани.
Транспорт
o
Автономни возила ─ Големи интернационални компании веќе развиваат возила што можат автономно да се движат, користејќи ВИ за перцепција на околината и донесување одлуки во реално време.
o
Оптимизација на сообраќајот – ВИ-системи анализираат сообраќајни шаблони за да ги оптимизираат сигнализацијата и патеките на движење, намалувајќи ги сообраќајниот метеж и загадувањето.
Финансии
o
Откривање измами ─ Банките користат ВИ за анализа на обрасци на трошење и идентификување на сомнителни трансакции во реално време.
20
o
Алгоритамско тргување ─ ВИ-системите можат да извршуваат милиони трансакции истовремено, анализирајќи ги пазарните трендови и донесувајќи одлуки поефикасно од трговците.
o
Кредитен рејтинг ─ ВИ-алгоритми анализираат различни фактори за да проценат кредитен ризик и да донесат одлуки за одобрување кредити.
Забава и медиуми
o
Системи за препорака ─ Голем број медиуми и апликации за забава користат ВИ за анализа на корисничките преференции и препорака на содржини што најверојатно ќе им се допаднат.
o
Создавање содржини - ВИ се користи за креирање музика, уметност, филмски ефекти, па дури и цели сценарија. Постојат алатки кои можат да создадат реалистични слики врз основа на текстуални описи.
Земјоделие
o
Прецизно земјоделие ─ ВИ анализира сателитски слики и сензорски податоци за оптимизација на наводнувањето, ѓубрењето и третирањето на посевите.
o
Континуирано следење на состојбата на посевите ─ Дронови опремени со ВИ можат да детектираат болести и штетници на посевите во рана фаза.
Оваа широка примена на ВИ во различни аспекти од животот покажува колку оваа технологија веќе е интегрирана во нашето секојдневие. Разбирањето на овие примени е од клучна важност за наставниците и учениците за да можат ефективно да ја користат ВИ во образовниот контекст и да се подготват за иднина во која ВИ ќе игра сè поголема улога.

 

 

Дали знаете дека кога гледате видео на TikTok или добивате препорака за песна, вештачка интелигенција работи зад сцената?“

 

 примери од своето искуство (инстаграм филтри, препораки на YouTube, паметни телефони итн.).

 

 Каде се користи Вештачка интелигенција денес. Вашата задача е да:

Изберете минимум 3 области каде се користи ВИ.

 

Примери:

 

Образование Здравство Транспорт

 

Забава и медиуми

 

Паметни уреди и апликации Социјални мрежи Е-трговија

 

Истражете по следните прашања:

 

Каде и како се применува ВИ во таа област?

 

Кој е нејзиниот придонес (што прави подобро)? Дали има предизвици или опасности?

 

Дали ти или некој што го познаваш сте користеле таква технологија?

 

Презентирајте го истражувањето во една од следните форми (по избор):

 

PowerPoint презентација, Word документ со слики и опис, Инфографик, стрип (со Canva, PowerPoint) На учениците им се посочуваат проверени интернет адреси на кои можат да најдат соодветни информации. Исто така се охрабруваат да ги прошират границите на истражувањето.

 

Заедно со учениците се одредуваат критериумите за рангирање на самостојниото истражување:

 

Креативност и визуелен изглед Практичност на примери

Точност и оригиналност на примери Презентирање

 


 

Comments