3 4
Краток историјат на вештачката интелигенција
Раните почетоци (1940 ─ 1956)
Основите на ВИ биле поставени во 1940-тите со работата на математичари
како Алан Тјуринг, кој го предложил прочуениот „Тјурингов тест“ за одредување
дали машина може да покаже интелигентно однесување кое не може да се
разликува од човечкото.
Во 1943 година, Волтер Макалох и Волтер Питс го создале првиот математички
модел на вештачка невронска мрежа, поставувајќи ги темелите за денешното
машинско учење.
Зародиш на ВИ (1956 ─ 1974)
Официјалниот зародиш на ВИ како научна дисциплина се случил на
Dartmouth-конференцијата во 1956 г., организирана од Џон Макарти, Марвин
Мински и други пионери во областа.
Овој период бил одбележан со голем оптимизам и значајни инвестиции во
истражувањето на ВИ. Развиени биле првите програми за играње игри, решавање
математички проблеми и обработка на природен јазик.
18
Првата „зима“ на ВИ (1974 ─ 1980)
Преголемите очекувања довеле до разочарување кога станало јасно дека
почетните ВИ-системи имаат сериозни ограничувања. Финансирањето драстично
се намалило, што довело до период познат како „ВИ-зима“.
Експертски системи (1980 ─ 1987)
Интересот за ВИ се обновил со развојот на експертските системи ─ програми
што можеле да ја имитираат одлучувачката способност на човечки експерт во
специфични области. Овие системи нашле комерцијална примена и довеле до
обновен интерес за ВИ.
Втората „ВИ-зима“ (1987 ─ 1993)
Ограничувањата на експертските системи и колапсот на пазарот на
специјализиран ВИ-хардвер довеле до втор период на намален интерес и
финансирање.
Интелигентни агенти (1993 ─ 2011)
Развојот на интернетот и зголемената компјутерска моќ овозможиле
создавање на интелигентни агенти способни за автономно дејствување. Овој
период го вклучува и историскиот момент кога Deep Blue го победил светскиот
првак во шах Гари Каспаров.
Машинското учење и големите податоци (од 2011 до денес)
Револуцијата во машинското учење, особено длабокото учење, заедно со
достапноста на огромни количини на податоци и моќните компјутери, доведоа до
современата ера на ВИ. Интересот и инвестициите во ВИ уште повеќе се зголемија
со развојот на системи базирани на генеративната ВИ, кои покажале способности
што се приближуваат или дури ги надминуваат човечките во специфични задачи.
„Што знаете за вештачката интелигенција?“
„Наведете некои примери на ВИ што ги користите секојдневно?“
Тјурингов тест:
Проучувањето на вештачката интелигенција започнало со труд напишан во 1950 година од
британскиот математичар Алан Тјуринг. Тјуринг осмислил тест за да се утврди дали компјутерот
е интелигентен. Човечки судија поставува прашања преку компјутер. Прашањата истовремено се
испраќаат до човек (кој е скриен од поглед) и до компјутер. И човекот и компјутерот одговараат на
прашањата. Потоа, судијата се обидува да одреди кои одговори се од компјутерот, а кои од
човекот. Доколку судијата не може да ги разликува, тогаш се смета дека компјутерот е
интелигентен. Досега, ниту еден компјутер не успеал да го положи тестот. Овој тест денес е
познат како Тјурингов тест.
Извор: artificial intelligence - Kids | Britannica Kids | Homework Help
Се дискутира за Тјуринговиот тест, учениците се поттикнуваат да размислуваат и најдат причини зошто
овој тест досега ниеден компјутер не го решил.
мултимедијална презентација преку која се објаснува за почетоците на ВИ, историски
развој на ВИ, клучни личности и нивниот придонес. Се прикажува видеото A Brief History of AI
и се започнува дискусија:
Кои се клучните моменти што ги запомнивте од презентацијата/ видеото?
Кој дел ви беше најинтересен и зошто?
Се организираат учениците во групи од по 3-4 ученици. Секоја група добива наставен лист со задачи
за самостојно истражување:
Хронолошки редослед на настани во историјата на ВИ
Идентификување на придонесите на клучни личности
Кратка биографија и интересни факти или цитати
Групите ги презентираат своите резултати пред соучениците
(Групите истражуваат по однапред дадени линкови или готови материјали за учење).
Уредувањето на податоците како одговор на задачите може да се направи во дигитална форма во
форма на кратка презентација, стрип и слично.
Презентација на резултатите од самостојното истражување- секоја група кратко презентира.
Се прави кратко резиме на активностите.
Comments
Post a Comment