60 Шесто ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ

 

 ПРАВИЛА ЗА ОДНЕСУВАЊЕ НА ИНТЕРНЕТ
Корисниците на Интернет треба да знаат дека:
Не се секогаш точни и сигурни сите веб сајтови или содржини поставени на Интернет.
Не се секогаш добронамерни сите луѓе кои комуницираат на Интернет.
Ако си корисник на Интернет за да се заштитиш од непријатности и несакани случки придржувај се до следните совети:
За сите ситуации во кои не си сигурен како да постапиш побарај совет  од некој на кого му веруваш и кој добро ги познава предностите, но и замките на Интернетот (родител, наставник).
Никогаш не ги откривај на други лозинките кои ги користиш на Интернет затоа што можат да бидат злоупотребени. На пример, некој може да чита, брише и испраќа од твое име електронска пошта или во твое име да разговара на Интернет и да те направи учесник во непријатни случки.
Не внесувај свои податоци и e-mail адреса на непознати и несигурни веб сајтови и не одговарај на непознати e-mail пораки затоа што можеш да бидеш „нападнат“ од реклами или вируси.
Никогаш не го внесувај на Интернет бројот на кредитната картичка на своите родители, за да купиш или нарачаш нешто, без дозвола и совет од своите родители.
Остани непознат за непознатите соговорници затоа што и најзлонамерните може да се преправаат дека се љубезни, добри, дека се деца или тинејџери.
Не давај свои лични или податоци за членовите од твоето семејство (име и презиме, адреса, телефон или фотографии) на непознати соговорници на Интернет. Разговарај искрено за своите ставови и мислење, но не го откривај својот идентитет.
Ако решиш да се сретнеш со некого кој си го запознал на Интернет нека биде тоа на јавно место. Никогаш не можеш да знаеш што е вистина од договорот на Интернет. Не оди сам, веднаш оди си, јави се на телефон и побарај помош ако почувствуваш дека нешто не е во ред или нешто не ти
се допаѓа.
При разговор на Интернет не употребувај навредливи и непристојни зборови.
Текстот при разговорот не го пишувај со големи букви. Тоа е исто како да викаш.

Comments