55 шесто СЕРВИСИ НА ИНТЕРНЕТ , ВЕБ ТЕРМИНИ

 

 

СЕРВИСИ НА ИНТЕРНЕТ , ВЕБ ТЕРМИНИ,




СЕРВИСИ НА ИНТЕРНЕТ
Сите можности кои ги нуди Интернет за разговори, размена на пораки,  информации, купување, симнување слики, музика, видео клипови и сл. се викаат Интернет сервиси.


Некои од сервисите на Интернет се:
WWW (World Wide Web) . Сервис за поставување   на свои и разгледување на други веб сајтови.
Search Engines Сервис за пронаоѓање потребни информации на Интернет.
• E-mail. Сервис за примање и испраќање на електронска пошта.
Интерактивно комуницирање. Сервис за текстуално, звучно или видео комуницирање меѓу луѓето кои се во исто време на Интернет.    ( Messenger, Skype и др.)
E-commerce. Сервис за онлајн купување и продавање различни производи (Ali express)

  •   Eлектронско банкарство. Сервис за проверка на банкарска сметка, плаќање сметки и слично.
Download. Различни сервиси за симнување на податоци од мрежата (слики, музика, видео клипови, филмови и сл) и др.
Upload. Различни сервиси за испраќање податоци кон мрежата.



ВЕБ ТЕРМИНИ

Веб страница е документ поставен за разгледување на Интернет. 

Веб сајт е колекција од една или повеќе веб страници поставени
на Интернет. 

ПОЧЕТНА СТРАНИЦА прва страна

АДРЕСА   пр.       www.ohridnews.com.mk   

ohridnews     име,         com  домен (комерцијален сајт   - со реклами -  за пари) ,   mk  кратенка за држава   
   
Кратенки за типот на сајтот се:
Com - комерцијален,
Biz - бизнис,
Net - за мрежни услуги,
Gov - на владина 
Org - на невладина 
Edu - на образовна 
 Кратенки за државата каде е поставен веб сајтот се:
mk - Македонија, it - Италија, bg - Бугарија, hr - Хрватска
 
итн.
 
ЛИНКОВИ
За движење од една на друга страница од еден веб сајт или кон други веб страници од други веб сајтови, се   користат означени места од содржината на веб страниците кои се викаат линкови. Линковите може да бидат текстуални или графички.
 

Comments