Skip to main content
31 седмо Дигитален отпечаток
Дигитален отпечаток
Дигитален отпечаток е трагата што ја оставаш зад тебе кога го користиш интернетот.
•Дигиталниот отпечаток не мора да биде лош или добар. Тој постои и без разлика на вашите чувства, ефектите врз вас зависат од повеќе фактори како што се вашите вредности, приоритети, возраст, училиште и очекувања од семејството.
•Твојот дигитален отпечаток е креиран од видливите работи, како што се твоите постови на социјалните медиуми и постовите на другите луѓе. Во ова се вклучени и фотографиите, update на статусот, чекирањата на одредени локации, онлајн групите и сајтовите на кои си се приклучил или си кликнал like, како и постовите од другите луѓе кои ти си ги споделил.
•Вклучува информации кои може да се научат за тебе од сајтовите кои си ги посетил, личните информации кои си ги внел, пораките и електронските пораки кои ги испраќаш.
•Активност:
на google.com или bing.com напиши го твоето име и презиме или од некој
што го познаваш, ќе видиш дека излегуваат познати содржини или слики . Види каква слика оставаш за себе и како те гледаат другите.
Што ако откриеш работи во твојот дигитален отпечаток кои не ти се допаѓаат?
Прифаќај пријателства само од луѓе кои ги познаваш и во реалниот живот
✓Подеси ја приватноста на социјалните медиуми така што да не се гледаат приватните информации како сликите и другите информации
✓Направи ги потребните подесувања така што некој мора да побара твоја дозвола за да те тагира (означи)
✓Заостри ја безбедноста на социјалните мрежи
•Избриши ги работите кои не сакаш другите да ги гледаат. Може нема да успееш тотално да ги направиш невидливи, затоа што може се споделувани од други, но можеш да ги направиш тешки за пронаоѓање
•Ресетирај ја својата лозинка често.
•Внимателно размисли пред да постираш било што, дали си сигурен дека тоа сакаш да остане вечно. Некои од постовите ќе останат и за твоите внуци да ги прочитаат.
Comments
Post a Comment