Основи С++

Основни елементи на програмскиот јазик C++
Во табелава се дадени основните елементи на програмскиот јазик C++:
Типови податоци int, float, char
Константи 0, 123.6, ”Hello”
Променливи i, sum
Декларации int x; float a; int fun(int);
Изрази sum + i
Искази (наредби) sum = sum + i; while, for, if-else, switch, break
Функции main(), Hello()
Модули datoteka

 Искази. Исказ за приказ на екран
Во програмата prva.cpp го видовме исказот
cout << “Ti posakuvame uspeh vo ucenjeto!“;
со кој текстот „Ti posakuvame uspeh vo ucenjeto!“ се прикажува на екранот.
Да ги анализираме составните делови на овој исказ:
cout – функција која насочува податоци кон излезот, најчесто тоа е монитор,
<< – операторот на испишување кој пораката ”Ti posakuvame uspeh vo ucenjeto!”
ја праќа кон излезот,
• ” ” – се што е ставено во наводици е порака која се прикажува на екранот,
; – означува крај на исказ (не на линија).
Со користење на исказот за приказ, на мониторот може да се прикажат (отпечатат)
какви било податоци. Мониторот е стандардна излезна единица.
Примери за примена на исказот за приказ:
cout<<25; ќе се прикаже бројот 25
cout<<”a”; ќе се прикаже вредност буквата а
cout<<a; ќе се прикаже вредност на променливата a
cout<<2*a; ќе се прикаже двојната вредност на  променливата a


 
Забележуваш дека речениците „Zdravo!“ и „Jas sum C++ programa!“ се прикажани
во една линија и се прилепени една со друга. Како ќе ги разделиш со едно празно
место?
По испишување на податоци наведени во исказот cout, курсорот останува во
истата линија и следното испишување на податоци продолжува тука.
Пр. 4. 14. За испишување во нова линија, се користи изразот endl (кратенка од
end line) со кој курсорот се поместува за една линија подолу.

 

Аритметички операции и изрази 
. Напиши ја и изврши ја следнава програма:

На екранот се прикажува „5+2“. Овде изразот „5+2” e низа од знаци која се
прикажува на истиот начин како што таа е напишана во наводниците.
Напиши ја истата програма, но сега тргни ги наводниците!


Програмата ги собира броевите 5 и 2 и резултатот, кој во случајов е 7, го прикажува
на екранот. Изразот 5+2 претставува аритметички израз кој има своја бројна
вредност.

Аритметички израз е бројна вредност или запис од две или на повеќе бројни
вредности и математички оператор(и) меѓу нив. Оператори во програмскиот јазик C++
се: плус (+) за операцијата собирање, минус (-) за операцијата одземање, ѕвездичка (*)
за операцијата множење, коса црта (/) за операцијата делење и модул (%) за остаток
при делење на два цели броја. Ова се само некои од операторите кои се користат во
програмскиот јазик C++.
Аритметичките изрази се градат на ист начин како и во математиката. Примери за
аритметичките изрази се: 2*3+8, 7-2, (15-5)*100, 2/a, a-b. Овде броевите како
што се 2, 3, 100 итн. се константи, додека a и b се променливи.
Променливи и константи
Со програмите се обработуваат податоци и тие претставуват величини кои можат
да бидат:
• константи – величини кои не ја менуваат својата вредност,
• променливи – величини кои ја менуваат својата вредност.
Доделување на вредност на променлива. Оператор за доделување
Во компјутерот за секоја променлива се предвидува и се резервира место во
меморијата. Секое резервирано место има своја адреса која е тешка за памтење, па од
тие причини на променливите им се доделуваат симболички имиња. При тоа, мора да се
води сметка да се почитуваат правилата кои важат за сите идентификатори.
Во математиката и во другите науки се среќаваш со многу променливи, на пр. a, b,
c – страни на триаголник, Р – плоштина, t – температура итн. На сите овие променливи
им се доделуват различни вредности. На пример, на температурата може да ѝ се додели
вредност -15, али и 23, 17, 32 итн.
На променливите им се доделува вредност со помош на оператор за доделување.
Операторот за доделување е знакот еднакво (=).
Важно!
Знакот еднакво (=) овде не означува еднаквост како во математиката. Со
оператор за доделување на променливата од левата страна на операторот
ѝ се доделува вредност на изразот од десната страна на операторот. Од тие
причини променливата на која ѝ се доделува вредност мора да биде од левата
страна на операторот за доделување. Неточно е на пр. 5 = а или а+b = с;
Примери за доделување вредности на променливи се дадени во следнава табела:
x = 5;
на променливата x ѝ се доделува вредност 5. Ова всушност, значи
дека во мемориската локација која е означена со симболичко име x
ќе се зачува бројот 5 или дека бројот 5 е содржина на променливата x.
a = 20; на променливата a ѝ се доделува вредност 20.
a = b*3;
помножи ги содржината на променливата b и бројот 3 и производот
зачувај го во променливата a.
x = x+3; на содржината на променливата x додај број 3 и збирот зачувај го во
променливата x.