СЕДМО ОСНОВИ С++
ЗА ПИШУВАЊЕ НА ПРОГРАМИ ВО Ц++ КЛИКНИ ОВДЕ
Да го разгледаме и анализираме изворниот код на програмата prva.cpp:
Ова е една од наједноставните програми, но сепак ги содржи основните делови
кои секоја програма напишана во C++ мора да ги има.
Изворниот код започнува со следниве линии:
#include<iostream>
using namespace std;
int main()
{
ПРОГРАМИРАЊЕ
ВО C+
а завршува со линиите:
return 0;
}
Овие линии се пишуваат на почетокот и на крајот на секоја програма. Ќе
анализираме линија по линија.
#include <iostream>
Линиите кои започнуваат со знакот „#“ преведувачот не ги преведува и тие се
нарекуваат претпроцесорски наредби. Овие наредби на преведувачот му кажуваат
пред преведувањето да вклучи и некоја додатна датотека. Наредбите во C++ се
организирани во посебни датотеки, кои се нарекуваат библиотеки. Со изразот
#include на преведувачот му се најавува од кои библиотеки ќе се користат наредби.
Преведувачот тие библиотеки ќе ги вклучи во програмата пред да започне со
преведувањето. Името на библиотека се става помеѓу знаците „<>“. Библиотеката iostream е стандардна библиотека која овозможува внесување на податоци преку
тастатура и испишување на резултати преку монитор.
using namespace std;
Постојат многу библиотеки па може да се случи во две различни библиотеки да
се најдат наредби со исто име а со различни намени. Сите елементи на стандардните
C++ библиотеки се декларирани во просторот што се нарекува namespace (простор со
имиња). Со оваа наредба на преведувачот му се кажува дека ќе се користат наредби од
просоторот std, што е кратенка од standard.
int main ()
Оваа линија означува дека тука започнува самата програма. Она што е пишувано
порано не се смета за програма туку за упатства на преведувачот како да ја преведе
програмата, на пр. кои библиотеки да користи при преведувањето.
main е име за главната функција која мора да ја има секоја C++ програма. Со оваа
функција започнува извршување на сите прогрми во C++ . По зборот main стојат загради
() што значи дека се работи за дефиниција на функција.
{
Голема отворена заграда означува почеток на дел од програма во кој се наоѓаат
искази (наредби) на главната функција.
return 0;
Овој исказ е порака до оперативниот систем дека програмата успешно е извршена.
По зборот return се става повратна вредност, во нашиот случај тоа е нула.
}
Голема затворена заграда се става на крајот на секоја програма и го означува
крајот на главната функција.
cout << “Ti posakuvame uspeh vo ucenjeto!“<<endl;
Ова е единствената линија која во нашата програма произведува видлив ефект.
Таа во C++ претставува исказили наредба. Со овој исказ на мониторот се испишува
пораката „Ti posakuvame uspeh vo ucenjeto!“.
Важно!
По секој изказ се става знакот точка и запирка „;“ што е знак дека исказот тука
завршува. Претпроцесорските наредби не завршуваат со знакот точка и запирка.
Исто така, и по линијата int main () не се става знакот точка и запирка.
Преведи ја и изврши ја програмата. На екранот прво ќе ја добиеш пораката „Kolku
godini imas?“. Во новиот ред, на местото на курсорот, внеси го бројот на твоитe
години и притисни го кочето Enter. Сега имаш ваков изглед на екранот (црвената
стрелка покажува на текстот што корисникот го внесува):
Забележуваш дека во исказот cout<<”Kolku godini imas?”<<endl; е додаден
изразот endl (скратено од end line) што предизвикува поминување на курсорот во
нов ред.
Исто така, се јавува и нов исказ:
cin>>god;
Овој исказ прифаќа податоци внесени преку тастатурата.
Забелешка:
Изразите cout и cin се декларирани во библиотеката iostream во рамки на
просторот std. Тие се причина што мора да се користат првите две линии во programata
Comments
Post a Comment